За туристите во Албанија ќе функционираат 29 амбуланти

Од:

Во напорите за што побезбедна туристичка сезона, во Албанија и ова лето ќе бидат отворени 29 здравствени амбуланти, кои ќе даваат 24- часовна услуга.

Во објава на социјалните мрежи премиерот Еди Рама напиша дека на терен ќе има персонал од 160 лекари и медицински сестри, обучени за итни случаи и додава дека се обезбедени лекови и медицинските материјали.

-Каде и да одберете да одморате, на планина или покрај море, обезбедивме 24-часовна здравствена заштита за летувалците и туристите од север до југ, со мрежа на летни здравствени центри, за безбедна туристичка сезона. Јавете се во Националната итна помош, на телефонскиот број 127, за секоја итна здравствена состојба, напиша Рама.

Долж крајбрежјето и во најфреквентните туристички места, меѓу другите Скадар, Лежа, Драч, Шенѓин, Дивјак, Саранда, Ксамил и други, здравствените амбуланти ќе фунционираат до октомври, кога завршува главната туристичка сезона.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија