За сега нема случаи на новиот коронавирус во Турција

Од:

Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа информира дека во Турција досега нема потврдени случаи на новиот коронавирус, но според него, не мора да значи дека никогаш нема да има, јави агенцијата Анадолија.

– За сега нема случаи на коронавирус во Турција. Тоа не значи дека нема да има, изјави Коџа за Анадолија, при што информираше и за евакуирањето на турските државјани од Иран со авион.

– Можеме да кажеме дека ниту еден од нашите патници не е позитивен (на коронавирусот), сите се негативни, рече Коџа.

Вкупно 132 турски државјани вчера пристигнаа во Анкара откако беа евакуирани од Иран, каде што беа потврдени 15 смртни случаи од новиот коронавирус.

Коџа истакна дека турските државјани дојдени од иранските градови Машхад и Ком, каде што е епицентарот на овој вирус, се задржани во карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјата.

Турскиот министер за здравство нагласи дека Турција поставила теренска болница на границата со Иран.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски