За протест на опозицијата во Албанија ангажрани најмалку 1700 полициски службеници

Од:

За безбедноста на вечерашниот протест на обединетата албанска опозиција, ќе бидат ангажрани најмалку 1.700 полициски службеници,кои ќе бидат распоредени главно пред Владата и Парламентот.

Исто така ќе бидат ангажирани и припаднците на специјалната единица „Шќипоња“,кои ќе бидат распоредени пред полицскиот кордон пред двете институции,потоа припадниците сообраќајната полиција како и неуниформирани лица од други сектори на МВР. Припадниците на единицата за брза интервенција и Националната гарда ќе бидат во состојба на готовност.

Во случај да има обиди за влез во институциите и закана по животот на полициските службеници ќе биде употребен солзавец и водени топови. Во близина ќе има и повеќе противпожарни и возила на брза помош.

Во Тирана ќе има ограничено движење во поширокото подрачје каде што ќе има протест, а забранет е влез на автобусите кои превезуваат граѓани од внатрешноста во центарот на Тирана.Автобусите кои доаќаат од севернот дел на земјата ќе се паркираат кај спортската палата „Аслан Руси“ додека оние од јужниот дел кај Економскиот факултет.

Протестот ќе почне во 20:00 часот.На барањето тој да трае до полноќ, полицијата дозволи протестот да трае два часа,односно до 22:00 часот.

Апел до учесниците да се откажат од било каков вид насилство,упатија амбасадите на САД, на Велика Британија, на други земји члнки на ЕУ,како и мисијата на ОБСЕ. Тие и со став дека одговорноста за било какви несакани дејствија ја сносат оранизаторите.

Лидерот на Демократската партија,која ја предводи обединетата албанска опозиција,Љуљзим Баша, даде гаранција дека вечерашниот,деветти по ред „национален простет“ ќе биде мирен.

– На вечерашниот протест нема да има ни една епизода на насилство. Ги превзедовме сите потребн мерки да не се дозволи инфилтрирање на провокатори,изјави Баша.

Повикувајќи ги албанските граѓани на протестот да дојдат со своите семејства, додаде дека тој на протестот ќе биде заедно со сопругата и двете ќеркички.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија