За осум месеци во сообраќајки во Косово животот го загубиле над 70 лица

Од:

Полициската статистика потврдува дека во периодот јануари-август 2016 година во сообраќајни несреќи во Косово животот го загубиле над 70 лица.

– Во периодот јануари-август, според податоците на полицијата, се регистрирале 12.776 сообрааќајни несреќи. Од нив 65 се со фатални последици, а животот го загубило 71 лице. Во изминатите 22 денови од септември во сообраќајки загинале седум лица, пишува приштинскиот весник  „Зери“.

Во текот на минатата година регистрирани се вкупно 17.722 сообраќајки, од нив 117 со фатални последици, во кои животот го загубиле 129 лица.

Во написот под наслов „Застрашувачка статистика“ се наведува дека врз основа на податоците на косовската полиција, од 2002 година,од кога оваа институција располага со статистика во врска со сообраќајните несреќи, по патиштата низ Косово се случиле 225.571 сообраќајки, со 2.118 жртви.

Косовската полиција очекува новиот закон за патен сообраќај  да придонесе за поголема безбедност. Само во изминатите три дена полицијата напишала 2.220 казни.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски