За едно деноноќие во соседна Србија починаа 13 лица од коронавирус

Од:

Во последните 24 часа во Србија тестирани биле вкупно 8.287 лица, од кои позитивни се 299, а починаа 13 лица, што е најголем број на починати за еден ден од почетокот на пандемијата.

Српските медиуми пренесоа дека во моментот околу 110 пациенти се приклучени на респиратори и се во тешка здравствена состојба.

Претходно, во Србија беше прогласена вонредна состојба во 16 градови и општини поради влошување на епидемиолошката состојба. Тоа подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, кои се на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски