За една декада за 11,5 проценти намалено населението во Бугарија

Од:

Бугарскиот Национален статистички институт (НСИ) денеска ги објави резултатите од 18. попис на населението, според кои до до 7 септември 2021 година во Бугарија живееле 6.519.789 луѓе.

Жените се 3.383.527 (51,9 отсто), а мажите 3.136.262 (48,1 отсто), јави бугарската новинска агенција БТА.

Директорката на Управата „Демографска и социјална статистика“ при НСИ Магдалена Костова изјави дека во периодот помеѓу двата пописа населението во Бугарија се намалило за 844.781 лице или за 11,5 отсто.

Резултатите покажуваат дека просечната годишна стапка на намалување на населението годишно се зголемила од 0,7 отсто во периодот 2001-2011 година на 1,2 во периодот 2011-2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит