За десет години 189.000 албански граѓани добиле италијанско државјанство

Од:

Италијанскиот Институт за мултиетнички студии соопшти дека во последните десет години регистрирани се околу 1,1 милион нови Италијанци, од кои 224.000 само лани.

Според статистичките податоци, италијанско државјанство добиле 189.000 албански граѓани, што претставува 16,6 отсто од вкупниот број. Со тоа албанските граѓани се на второ место на списокот на странци кои добиле државјанство на Италија, веднаш зад Мароканците.

Се проценува дека со потребна документација моментно во Италија престојуваат над 440.000 албански државјани.

Инаку, во извештајот на Институтот се оценува дека последните години се забележува константен раст на бројот на мигранти кои станале Италијанци.

– Во 2012 година бројот на странците кои добиле италијанско државјанство изнесувал околу 65.000, следната 101.000, во 2014 – 130.000, во 2015 година – 178.000, во 2016 година – 202.000 и лани 224.000. Најголемиот број од новите Италијанци живеат во регионот Ломбардија, стои во извештајот.

Дека расте бројот на албанските граѓани кои користат и најмала можност да ја напуштат земјата за подобар живот, говори и фактот што годинава на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта) аплицирале 367.231 државјани на Албанија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Молотови коктели на протест во Тирана