За четири години во Грција имало повеќе од 20.000 протести

Од:

Од моментот кога грчката Влада соопшти дека се согласува со условите за првиот пакет мерки за спас на земјата во 2010 година, во Грција имало повеќе од 20 илјади протести и митинзи.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, го соопшти грчкиот министер за јавен ред Никос Дендиас, кој во Парламентот поднесе официјални податоци. Според извештајот, од 8 мај 2010 година, до 28 март годинава, низ цела Грција имало вкупно 20.210 демонстрации, од кои 6.266 биле одржани во Атина.

Податоците на Дендиас всушност беа одговор на прашање од тројца пратеници на Сириза, при што тој сепак не одговори колку често полицијата употребувала хемикалии за да ја растера толпата.

– Не постојат официјални податоци за бројот на инциденти или вид на контрола на толпа кои ги користи полицијата, рече Дендиас.

Според него, употребата на солзавец од страна на полицијата не била „претерана“ и се било во согласност со грчкиот Устав и етичкиот кодекс за полицајци.

Дендиас истакна дека грчката полиција користи ЦС гас произведен во САД, Израел, Велика Британија, Франција, Швајцарија, Германија, Бразил и Чешка. Тој информира дека количината на ЦС (2-хлоробензалмалононитрил) што се користела во солзавецот била минимална.

Министерот исто така рече дека во последните четири години за време на протестите против мерките за штедење е казнет само еден полицаец поради прекумерно користење солзавец.

Како што јави МИА претходно, пред повеќе од една година претседателот на Здружението на лекари на Атина Јоргос Патулис изјави дека хемикалиите кои се наоѓаат во солзавецот што го употребува полицијата, можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето.

Патулис за време на протестите работел како волонтер и во ситуации кога биле употребени хемикалиите, им помагал на луѓето кои имале респираторни проблеми. Тој тогаш информира дека во државни лаборатории се тестирани примероци од гас бомбите кои биле употребени на протестите, и е откриено дека содржат ЦС. Според него, овие хемикалии предизвикуваат сериозни здравствени проблеми, од респираторни болести, па до рак.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески