За адвокатски услуги, само за случајот „Бечети“, Албанија минатата година платила 380 илјади евра

Од:

Албанската влада минатата година платила 380 илјади евра за да се соочи со италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети пред Арбитражниот суд.

dobivaj vesti na viber

-Сумата е префрлена на Министерството за туризам и животна средина, од резервниот фонд на државата, кој всушност треба да се користи во случај на елементарни непогоди. Според официјалните податоци, исплатата е извршена на адвокатска канцеларија која била ангажирана да ја застапува Албанија со цел да се укине арбитражната одлука во полза на сопственикот на Агон чанел телевизија која беше затворена по судирите со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, јави Ора њуз.

Засега албанската влада не објави никаков јавен материјал за ова прашање. Но, преку податоците на Високата државна ревизија, излегува дека Бечети по напуштањето на Албанија и по победата на арбитражниот процес презел блокирање на сметките на албанската држава во Еуроконтрол.

Во април минатата година тој објави дека Албанија го загубила судскиот спор против него во врска со обесштетувањето што го побарал за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година.

Земјата беше обврзана на сопственкот Бечети да му исплати отштета во износ од 110 милиони евра, што е највисока казна во историјата на албанската држава изречена од арбитражен суд.

Откако албанската Влада ја обжали одлуката, Меѓународниот арбитражен суд во Вашингтон го суспендираше извршувањето на казната по што во август 2019 година ICSID предметот го зеде на повторно разгледување, но претходната одлука беше потврдена.

Наместо четворица британски адвокати, кои претходно ја затстапуваа Албанија, во жалбената постапка ја застапуваа американското адвокатско друштво Фолеј Хог (Foley Hoag) едно од најпознатите во светот за одбрана на државите во судски спорови.

Бизнисменот Бечети, албанските власти го товареа дека наводно испрал 39 милиони евра во Албанија, за што Обвинителството во јуни 2015 година поднесе обвинение.

Налогот за негово апсење не се реализира бидејќи тој не беше во Албанија. Во меѓувреме, заедно со телевизијата „Агон чанел“, му беа запленети четири други компании во негова или сопственост на неговата мајка. Компаниите во рок од осум години, според Обвинителството, меѓу себе си префрлале милионски суми пари.

Инаку, како што пренесуваат медиумите, според државната ревизија странски компании кои ја тужат Албанија во арбитражните судови бараат отштета во износ од една милијарда и 356 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Посакувам да нема потреба да се собереме за уште една криза, туку да изградиме нешто за иднината на Европа

Ана Ололовска

Земјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Албанија

А1он

Закана од Иран: Имаме дрон што може да го погоди кампот на МЕК кај Драч

Ана Ололовска

Албанија за октомври купи струја за 34 милиони евра

Ана Ололовска

ФУЕН изгласа Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија

Ана Ололовска

Рама и натаму е најпопуларен политичар во Албанија

Ана Ололовска