За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 луѓе

Од:

За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 граѓани, 5.000 од нив само лани, а причините за миграцијата, според експертите, се неможноста за заработка, партиските вработувања и општата нестабилност на општеството.

– Повеќе од 140.000 луѓе ја напуштија Црна Гора. Тоа е како два Никшиќи, или како Плевља, Херцег Нови, Жабљак и Савник, изјави Срѓан Периќ од движењето „Преокрет“.

За да се запре овој тренд, на луѓето треба да им се понуди можност самостојно да се реализираат во Црна Гора.

– Тоа е можно, но цената што ја плаќаме, во суштина, поради доминацијата на партиите кои буквално одлучуваат за секое работно место, ги демотивира младите, истакна Периќ.

Според податоците на Монстат од минатата година, во Црна Гора живеат близу 618.000 жители, што е нешто повеќе од 3.000 во однос на 1991 година. Тоа, вели тој, значи голема стагнација, особено во однос на крајот на минатиот милениум.

– Ако Црна Гора имаше природен прираст како помеѓу 1961 и 1991 година во изминатите 30 години, кога порасна од 472.000 на 615.000, денес ќе бевме околу 800.000, а кога на тоа ќе се додадат и луѓето кои се иселиле во тој период, Црна Гора денес со една друга политика би имала над милион жители, смета Периќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора