Вулин во Црна Гора, на делегацијата не и било дозволено да носи униформи

Од:

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска за Танјуг изјави дека е во Црна Гора, каде присуствувал на литургија во манастирот Костриковача во Ровци кај Колашин, по повод 20 години од убиството на сојузниот министер за одбрана на СР Југославија Павлe Булатовиќ.

Вулин за Танјуг рече дека не се точни шпекулациите оти делегација на српската армија била запрена на граничниот премин со Црна Гора.

Тој потврди дека црногорските власти не и дозволиле на српската воена делегација, предводена од него, да влезе во Црна Гора со српски униформи.

Светата литургија во манастирот Kостриковача, како што соопшти Министерството за одбрана, служел митрополитот цроногорско-приморски Амфилохије, а присуствувале членови на семејството на Павле Булатовиќ, пратеници на Демократскиот фронт и Социјалистичката народна партија на Црна Гора и бројни граѓани.

После литургијата, Вулин ќе положи венец пред споменикот на Павле Булатовиќ во Ровци.

Булатовиќ беше убиен во атентат на 7 февруари 2000 година во Белград и беше погребан во неговото родно место Горњи Ровци во близина на Колашин.

Би можело да ве интересира

Тачи го отфрли предлогот на Курти за составот на косовскиот тим за преговори со Србија

А1он

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Во Србија вкупно заразени 2.867 лица, досега починаа 66

А1он

Вулин: Војник испукал три истрели во воздух додека мигранти се обидувале да избегаат

Ана Ололовска

Курти планира два косовски тима за дијалогот со Србија

Ана Ололовска

Синот на претседателот на Србија, Вучиќ заразен со коронавирус

Ана Ололовска