Вулин: На идејата за разграничување најмногу се противат Македонија и Црна Гора

Од:

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин во интревју за весникот „Политика“, говорејќи за формирањето на косовската војска и разграничувањето, изјави дека на идејата за разграничувањето со „Голема Албанија“ најмногу се противат земјите од регионот-Црна Гора и Македонија.

– Процесот на решавањето на националното прашање на Србите ќе започне кога ќе бидеме раздвоени од Албанците. Време е Србија да почне да мисли само за себе и за својот народ, порача Вулин, додавајќи дека „што побргу биде воспоставено јасно разграничување со „Голема Албанија“, Србија се повеќе ќе има можности да го сопре нејзиното ширење и да ги зајакне своите позиции.

Како што оцени тој, „на оваа идеја најмногу се противат земјите од регионот-Црна Гора и Македонија, кои го признаа Косово и ја обвинија Србија дека ги предизвикала сите војни и конфликти, а денес се плашат од можноста „Голема Албанија“ да почне да се создава на нивните територии“.

Прашан дали КФОР на Косово може да го заштити српското население, Вулин одговори дека „ или меѓународната заедница е немоќна да го обезбеди мирот и владеењето на правото или т.н. војска на Косово е непотребна авантура која може да го загрози мирот на Косово, но и во регионот, или нема трета опција“.

Би можело да ве интересира

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани