Вуковар: Акции против кирилицата

Од:

И покрај уверувањата на хрватската власт дека српскиот јазик и кириличното писмо ќе бидат воведени во Вуковар, каде според официјалните резултатите на последниот попис живеат повеќе од 33 проценти Срби, т.н Штаб за одбрана на градот осмисли нови акции со кои има намера да ја спречи обврската предвидена со Законот за малцинство.

Од Штабот започнуваат акција насловена „Кој се плаши од вистината и правдата?“, во рамките на која, на граѓаните ќе им се делат летоци со информации, активности и повици.

Претседателот на Штабот, Томислав Јосиќ тврди во Вуковар повторно да се организира попис на населението, но по проверката за живеалишта и бришење на лицата кои не живеат во градот.

Според него по повторениот попис бројот на граѓаните од српска националност во Вуковар ќе биде под 33 проценти и поради тоа ќе нема потреба да се воведе кирилица како официјално писмо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик