Вујановиќ не очекува инциденти после демаркацијата на границата

Од:

Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, изјави дека не очекува дека ќе дојде до инциденти на границата со Косово откако ќе биде ратификуван Договорот за демаркација на граничната линија на Црна Гора со Косово во парламентот во Приштина.

– Во Косово никој нема никаква причина да искажува некакво незадоволство кон Црна Гора – изјави Вујановиќ и дополни дека договорот е направен преку многу внимателен однос во Виена и ратификуван во Црна Гора.

Вујановиќ оцени дека ратификацијата е „работа на внатрешните односи во Косово“ и додаде дека Црна Гора на тоа гледа со разбирање, пренесува РТЦГ.

На прашањето дали е запознаен со заканите од т.н. Абанска народна армија (АНА) дека ќе дојде до војна ако биде ратификуван договорот, Вујановиќ кусо одговори дека за тоа дознал од медиумите, „како и сите други граѓани“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора