Вујановиќ и Лекиќ единствени кандидати на претседателските избори во Црна Гора

Од:

Државната изборна комисија на Црна Гора денеска соопшти дека на претседателските избори на 7 април ќе учествуваат само двајца кандидати, досегашниот претседател Филип Вујановиќ, кој е кандидат на владејачката Демократска партија на социјалистите и опозицискиот кандидат Миодраг Лекиќ.

vujanovic-lekic

Рокот за поднесување на кандидатури истече на полноќ. Третиот кандидат за учество во претседателската трка, кандидатот на Позитивна Црна Гора Раде Бојовиќ, не успеа да ја добие неопходната поддршка, пренесува Танјуг.

Според црногорскиот Устав кандидатот за претседател треба да собере потписи од најмалку 1,5 проценти од гласачите или 7.710 потписи.

Немањето на трет кандидат значи ддека новиот претседател на Црна Гора ќе биде избран на 7 април.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора