Вучиќ во Советот за безбедност: Многу сум загрижен и помалку исплашен за иднината на целиот регион

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност во Обединетите нации изјави дека е многу загрижен и помалку исплашен за иднината и од иднината.

Тој се заблагодари за итно закажаната седница во врска со ситуацијата на Косово.

Претседателот на Србија наведе дека не постои правно оправдување за формирањето војска на Косово, дури ни во косовскиот Устав, кој Србија не го признава. Во него се наведува дека за формирање војска се потребни и гласови од Србите, кои не ги добија.

Вучиќ реагираше и на претходното излагање на генералниот заменик-секретар на ОН за мировни мисии, Жан-Пјер Лакро, кој ги повика Белград и Приштина да преземат нешто.

– Не се согласувам со таа вообичаена фраза, Белград спроведе се што е договорено, рече Вучиќ.

Тој наведе дека Приштина не ги исполни своите обврси од договорот потпишан во Брисел, како и дека ги крши договорите ЦЕФТА и ССП.

Ситуацијата е, според српскиот претседател, ужасно комплицирана.

– Исплашен сум од иднината на народот во целиот регион, истакна Вучиќ.

– Се соочуваме со повеќе тешкотии во областа Косово и Метохија. Морам да кажам дека сум многу загрижен, дури и помалку исплашен за иднината не само на мојот народ и нашата земја Србија, туку за целиот регион, рече тој.

Вучиќ додаде дека Србија вложила огомни напори и многу труд за да воспостави мир и стабилност на целиот Западен Балкан.

– Правевме се за да се воздржиме од одговор на разните провокации кои доаѓаа од Приштина. Ние не прифаќаме фрази кога некој вика „двете страни да направат нешто“. Србија, како што знаете, направи скоро се за да ги спроведе на дело постигнатите договори. Како што знаете, Србија ги исполни сите обврски од првиот договор Белград-Приштина. Направивме многу отстапки кои беа тешки за прифаќање, но ги спроведивме, рече Вучиќ.

Српскиот претседател забележа дека другата страна не ја исполнила едната обврска, а тоа е формирање на Заедница на српски општини.

– Тоа е единствена обврска и денес е 2.070 ден како не е спроведена на дело и немаат намера тоа да го сторат во иднина. Од друга страна, Србија ги исполни сите обврски врзани со полицијата, судството, телекомуникациите, учеството на оптинските избори по косовски закон, апсолутно се што потпишавме. Но тоа не беше доволно, нагласи Вучиќ во ОН.

Тој укажа дека Приштина се спротивставила и на ЦЕФТА договорот воведувајќи такси за српски производи.

– Прво 10 отсто, а кога видеа дека албанската јавност добро реагираше на тоа, ги зголемија таксите на 100 отсто. Оние го убија сеој вид на трговија меѓу Белград и Приштина. Дури и ја загрозија целокупната српска заедница на Косово и Метохија, бидејќи тоа е единствениот начин за нив да заработуваат, да преживеат, добијат лекови. Ги прекршија сите договори на кои повикува дури и ЕУ. Но сето тоа да го ставиме на страна. Може ли да замислите во 21 век некој да забранува слободен проток на луѓе и стока, само затоа што не ги сака политичките одлуки на другата страна?, запраша Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски