Вучиќ: Србите од Косово не сакаат да трпат терор, ќе направам се за нивниот глас да се слушне .

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека Србите од Косово се соочуваат со секојдневни проблеми кои, како што рече, „ги наметнуваат оние кои се обидуваат да го украдат она што не е нивно и да ги изгаснат српските пожари“. Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ изјави дека Србите од Косово повеќе не сакаат да го трпат тој терор.

Тој додаде дека ќе направи се за да се слушне гласот на Србите од Косово и порача дека ќе продолжи да се бори за српскиот народ и Србија.

„Најмногу ме загрижува нашиот народ на Косово и Метохија и проблемите што му ги наметнуваат речиси секојдневно, со децении, од оние кои се обидуваат да го украдат она што не е нивно и да ги изгаснат српските огништа. Србите од Косово и Метохија повеќе нема да го трпат тој ужас. Секој треба да го знае и да го слушне тоа. Затоа јасно и гласно ја кажав вистината за нивното страдање, за невозможниот живот и непостоечката слобода. Ќе направам се, што е потребно, за да се слушне гласот на Србите. И јас ќе продолжам секогаш и на секое место да се борам за нашиот народ и нашата земја. Србија ќе победи“, порача Вучиќ.

Претседателот на Србија додаде дека многу научил минатата недела на средбите со норвешките и кинеските партнери.

„Во неделата зад нас научивме многу од нашите норвешки партнери, ја зајакнавме стратешката соработка со Кина, го продолживме патот на реформите и развојот со ЕУ, заедно со нашите драги пријатели од Обединетите Арапски Емирати се радувавме на нивната Националниот ден, се гордеев со нашите млади и успешни луѓе во светот, бев, и останувам со целото мое срце со нашите фудбалери“, нагласи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Некаков договор е постигнат, формирањето на Заедницата на српски општини е обврзно

Катерина Павлова-Николовска

Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид

Блинкен: Српските и косовските лидери ќе направат тешки компромиси за нормализација на односите

Вучиќ: Ќе одам во Брисел кога ќе се формира Заедницата на српски општини

Демостат: Србија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година доколку го прифати европскиот план за косовското прашање

Вучиќ на средба со претставници на ЕУ, САД, Германија, Франција и Италија