Вучиќ: Србија со ништо не го загрози пријателството со Русија, но зошто?

Од:

Србија со ништо не го загрози пријателството со Русија, но зошто…?, српскиот претседател Алекандар Вучиќ, го праша русикиот амбасадор, вечерва на прес конференција по состанокот на Советот за национална безбедност, по повод аферата со снимката на рускиот разузнавач Георгиj Клебан кој дава пари на, како што кажа Вучиќ, „пензинираниот потполковник на српската војска З.К “.

Вучиќ по анализата со врвот на српската политичка и безбедоносна власт порача дека „Србија нема да ја менува политиката кон Русија со која негува пријателски односи и ќе продолжи со политиката на неутралоност и нема да ја менува политиката кон НАТО и нема да влезе во НАТО“.

– Србија е изложена на силна, офанзивна разузнавачка активност, која го надминува нивото на пристојност, изјави српскиот претседател, објаснувајќи дека во „Србија се активни службите на големите сили, но и на земји од регионот, кои легално и нелагално собираат разузнавачки податоци за политичко-економската моќ на Србија, но и со цел на влијание врз нејзината политика, а против нејзините интереси.“

Во врка со аферата, Вучиќ изјави дека снимката не е направена од српските разузнавчки служби, но ВБА била запознаена со овој настан, кој се случил на 24 декември 2018 година.

– Следејќи го објектот на обработка, српската служба дојде до податоци дека во Земун во 18 часот, пензинираниот потполковник на српската војска З.К. требал да се сретне со потполковникот на Руската федерација, Георгиj Клебан. Нашата служба примени оперативни мерки за следење и документирање на наведениот контакт, но по евидентирањето на доаѓањето на Клебан со такси возило и контакт со З.К, кое било на голема одалеченост поради безбедосни причини, документирањето не било можно, кажа Вучиќ, кој додаде дека биле „приметени и други три лица лица со возило ауди, кои биле во контраследење и го обезбедувале местото на контакатот во Земун, за да не дојде до било какво докуметирање на средбата меѓу потполковниците Клебан и З.К.“

Според Вучиќ, службите имаат видео и аудио документација за повеќе контакти не само за двајцата потполковници, туку и за други припадници на руските служби за безбедност со лица од српската војска, но нема да оди во јавност со тоа.

-Само за Клебан документирани се вкупно 10 контакти со три конспиративни извори, каде Клебан барем три пати врачува пари, за што имаме и фото и видео докумтација, како и за 9 други лица од српската војска. Клебан тогаш беше помошник претставник за одбрана во руската амбасада во Белград, изјави Вучиќ.

Според српскиот претседател потполковникот З.К и порано бил следен, уште кога контактирал во 2012 година со хрватската служба за давање документи за војната во Хрватска, а од 2017 биле забележани повеќе негови контакти со припадници на руската служба.

Вучиќ наведе и за повеќе случаи на контакти и разузнавачки активности на припадници на германската, австриската и бугарската служба.

Тој најави во наредните денови повеќе „остри активности од страна на обвинетелството и негативни реакции од поединечни земји во регионот“.

Вучиќ на крај повтори дека Србија нема да ја менува својата политика на независност и дека ќе ги засилува воените, полициските и разузнававачки сили.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов