Вучиќ: Србија се приближува кон катастрофално сценарио со епидемијата

Од:

Досега најголем број жртви на Ковид-19 во еден ден е регистриран во изминатите 24 часа во Србија, а претседателот Александар Вучиќ изјави дека земјата се доближува до „катастрофално сценарио“.

– Што се однесува до коронавирусот, денеска е најтешкиот ден за Србија, но следните неколку дена веројатно ќе бидат уште потешки. Во последните 24 часа, имаме 47 смртни случаи (од ефектите на коронавирусот), што е најголема бројка од почетокот на пандемијата. Состојбата во болниците е ужасно тешка за нас, затоа што ако треба да однесете 10.000 луѓе на ден, од кои 1.000 лица ќе бидат хоспитализирани, а немате ниту еден кревет, тогаш се ви е јасно, јасно е во каква ситуација сме. Ако не бидеме одговорни, ќе ни се случи навистина катастрофално сценарио, наглчаси Вучиќ.

Шефот на српската држава потсети дека државата преговара за набавка на вакцина, но досега во Србија нема вакцина. Во изминатите 24 часа се регистрирани 7.606 новозаразени и 51 смртен случај. На респиратори се 243 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски