Вучиќ смета дека вонредната состојба во Србија ќе биде укината кон крајот на април или во мај

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска истакна дека вонредната состојба во Србија веројатно ќе биде укината кон крајот на април или во мај, но нагласи дека ниту тој, ниту премиерката Ана Брнабиќ, нема да одлучуваат за тоа, туку последниот збор ќе го имаат експертите и епидемиолозите.

Сепак истакна дека не е видовит и дека одлуката ќе биде донесна кога ќе се оцени дек ќе нема негативно влијание врз здравјето на луѓето.

Вучиќ во телевизиско гостување преку видео линк од Претседателството на Србија, рече дека треба да почне да се намалува бројот на заразени лица на респиратори и да започне да се зголемува бројот на пациенти во привремените болници, како и дека две недели по ред има пад на бројот на заразени лица.

Вучиќ посочио дека, од друга страна, не смее ниту да се задоцни со укинувањето на вонредната состојба поради економијата.

Вчера беше соопштено дека бројката на заразени од коронавирус во Србија изнесува 3.380 лица, со регистрирани 74 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари