Вучиќ: Од Косово за една година си заминале 13 отсто од Србите

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека во иднина ќе се обиде да има најдобра можна комуникација со НАТО, како и дека го информирал Столтенберг дека во ризик се само Србите во Косово и дека во последната година 13 отсто од Србите го напуштиле северно Косово поради малтретирање и притисок од режимот во Приштина.

– Повеќе од час и половина разговаравме за сите важни прашања и за нас е исто така важно што кажа Столтенберг и што можам да потврдам, соработката со НАТО и КФОР со надеж дека колку што е можно ќе обезбедиме безбедност за Српскиот народ на Косово. И кога Столтенберг вели дека КФОР обезбедува мир и безбедност за сите заедници на Косово немаше потреба да се обезбеди мир и безбедност за никој друг, освен за Србите, кои беа единствените загрозени или нападнати, рече Вучиќ.

Тој посочи дека само Србите биле нападнати од 2001 година, особено откако Албин Курти е на власт.

Претседателот на Србија изјави дека меѓународната заедница ќе ги помести целите и ќе ја подигне границата за Србија, бидејќи нив само ги интересира кога Белград ќе го признае Косово.

„За нас е поважно она за што разговаравме со Столтенберг, а тоа е како да се зачува мирот и безбедноста на Србите на Косово, бидејќи тие се единствените под закана на Косово“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со секретарот на НАТО.

„Ние ќе соработуваме со нив, нашата армија има одлична соработка со КФОР, ќе направиме се во договор со нив, но Приштина да ни каже што ќе има нашата армија на 10, 15 или 20 километри од таму, тоа не ни паѓа на памет. Соработката со КФОР е во ред, но што се однесува до политиката, тоа е уште еден пар ракави и нема среќа, барем не во краток временски период што ни претстои“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања