Вучиќ: Новата влада во коалиција со СПС и СПАС ќе има ограничен рок до нови избори во април 2022 година

Од:

Идната срспка влада ќе биде коалициска со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, до вонредните парламентарни избори кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година, изјави вечерва српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС) Александар Вучиќ.

Вучиќ на прес-конференција по седница на претседателството на СНС изјави дека лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание.

Вучиќ изјави дека на седницата на СНС, врз база на големото мнозинство што го освои партијата на парламентарните избори и поради пандемијата на коронавирус, донесени се шест препораки и приоротети за мандатарката Ана Брнабиќ и за идната влада.

Во препраките кои Вучиќ ги истакна се борбата против епидемијата, борбата за Косово со подготвенсот за компромисно решение, борбата против мафијата, реформи во правосудството и евопските интеграции, економски раст на Србија од 6%, борба за суверенитетот и независноста на Србија со воена неутралност.

-Имаме мнозинство и тоа значи голема одговорност. Имавме 8-годишна успешна коалиција со СПС на Дачиќ и соработката ќе ја продолжиме и во новата влада, со нешто изменет формат.Ќе имаме коалиција и со СПАС на Шапиќ, изјави Вучиќ, кој додаде дека ќе се разговара и со партиите на малцинствата, за одредени раководни места, за државни секретари и директорски места.

Според Вучиќ, за составот на новата влада на Ана Брнабиќ сеуште се водат разговори со коалиционите партнери, а постојат и „уште неклку дилеми за министри“ додаде тој, посочувајќи дека во недела ќе се знае составот на владата, а во среда, по измена на законите за владата поради две-три нови министерства, се очекува мандатарката Ана Брнабиќ да го има своето експозе за работа на новата влада и да ги презентира новите министри.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Земјотрес во Србија

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари