Вучиќ: Нашиот пат е кон ЕУ

Од:

Потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Белград е благодарен на Русија за политичката поддршка и вложување, но дека патот на Србија е кон ЕУ.

-Убеден сум дека мојот век на траење не е долг, но за тоа време ќе се обидам да направам се што можам за мојот народ-изјави Вучиќ и додаде дека откако ќе поминат 18 години од војна, луѓето размислуваат рационално, разумно и посериозно, со помалку страст, емоција и омраза.

Според неговите зборови Србија и Хрватска многу нешта пропуштиле и добро е што и двете држави се залагаат за да ги унапредат односите, политичката и економската соработка.

Тој додаде дека го почитуваа тоа што шефот на Хрватска, Иво Јосиповиќ и поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ имаа најдобри можни односи, но Србија од тоа немала никаква корист, ниту па Хрватска.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски