Вучиќ – Лајчак: Ќе работиме на обнова на дијалогот, помош во борбата со пандемијата

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оствари телефонски разговор со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, во кој е оценето дека ќе се работи на напредок во дијалогот Белград-Приштина и дека средбата меѓу нив ќе се освари веднаш штом ќе помине здравствената криза предизвикана од коронавирусот, соопштија од кабинетотот на Вучиќ.

Како што јави допсинкиот на МИА од Белград, Лајчак повторил дека Европската унија ќе и помогне на Србија, како земја кандидат, не само со пари за итни потреби во борбата против оваа заразна болест, туку и во долгорочна поддршка за социјалното и економското закрепнување по пандемијата.

Вучиќ му ја честитал на Лајчак новата должност и изразил подготвеност да соработува со Албанците и да работи заедно со претставниците на Приштина за запирање на Ковид-19.

Денес Косово онлајн го пренесе ставот на францускиот сенатор Оливије Кадик, кој изјави дека Париз е подготвен да организира самит за решавање на косовското прашање, веднаш кога ќе помине пандемијата со Ковид 19, додавјќи дека францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел официјално соопштиле дека планираат да одржат самит во Париз веднаш штом ќе се надмине сегашната криза.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ