Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за мандатар на новата влада, Дачиќ вицепремиер и координатор на безабедоносните служби

Од:

Српскиот претседатал Александар Вучиќ согласно уставните овластувања во обраќањето до јавноста денес ја предложи Ана Брнабиќ за нов манадатар на српката влада, Ивица Дачиќ за вицепремиер и координатор на безбедоносните служби, како и Синиша Мали и Милош Вучелиќ на вицепремеирски места, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека Ана Брнабиќ нема да биде премиер четири години, како и дека мандатот ќе и биде пократок и дека во 2024 година ќе има промени во Владата.

-Многу е важно таа да остане премиер за да можеме да продолжиме и посветено да работиме на решавање на проблемите на есен и оваа зима годинава. Важно е некој кој е искусен и во кој имам доверба да може да го направи тоа во овој момент, рече тој.

Вучиќ рече и дека Милош Вучевиќ ќе биде „многу важен член на новата влада“, како што рече, „секако потпретседател“.

-Дачиќ ќе има уште позначајна улога и функција во државниот апарат на Србија. Тоа ја покажува довербата што ја имам. Дачиќ, покрај важната министерска функција, ќе ја има и функцијата координатор на безбедносните служби. (Синиша) Мали, во кој имаме доверба, ќе биде еден од потпретседателите, нагласи Вучиќ и додаде дека ќе има многу промени во Владата.

Tој додаде дека очекува предлогот на Владата да биде претставен во наредните дваесетина дена.

-Мислам дека доаѓа тежок период и дека политичката сцена ќе мора да се укрупни, бидејќи ќе мора да се одвојат оние што се одговорни, кои се во центарот и малку десно и лево од центарот, ќе треба да се одвојат од оние кои се крајно неодговорни и кои би ја уништиле државата во рок од пет минути – тоа се екстремни десничари кои се полни со патриотски флоскули и најголемите левичари, божем големи либерали, но всушност луѓе кои би уништиле се што е национално и државотворно во нашата земја, буквално би ја уништиле земјата, додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија им порача на граѓаните дека не се планираат ретрикции, но дека мора да знаат дека ситуацијата е многу сериозна.

-За среќа, од мај почнавме однапред да набавуваме гас, само за енергенси. По сегашни цени би ни биле потребни осум милијарди евра. Тие пари ги нема ниту во регионот, ниту во Франција. Тоа е банкрот. Стока се купува на берза, а дожд нема. Доаѓа катастрофа во Европа, рече Вучиќ.

Говорејќи за разговорите што се водеа во претходните недели и денови за Косово, претседателот на Србија рече дека кога станува збор за регистарските таблички, нема договор, но се надева дека ЕУ ќе даде гаранции за личните документи.

-Подготвени сме да издадеме еден општ „дисклејмер“ во кое би пишувало дека се овозможува користење на лични карти издадени од Приштина исклучиво за непречено движење на граѓаните, а не како какво било признавање на државноста на Косово, рече Вучиќ.

Тој кажа дека Србија чека гаранции од ЕУ дека секој Србин што живее во Лепосавиќ или Грачаница (Косово) ќе може непречено да влезе или да излезе од Србија со документи од Република Србија, а не да мора да има документи издадени од Приштина.

Вучиќ изјави дека во договор со мнозинството членови на Владата и премиерката, Еуропрајд, кој беше планиран за средината на септември во Белград, ќе биде откажан или одложен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите во Јасеновац

Горан Наумовски

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он