Вучиќ: Им честитаме на Скопје и Атина, Србија прва ќе го признае соседот под новото име

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Нови Сад на отварањето на манифстацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“, им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификација на Преспанскиот договор.

-Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

– Нашите проблеми во односите со Приштина се стопати потешки.Тоа мора да го разберат луѓето, но и овие од Европа и Светот, кои кажуваат, „аха решивме еден проблем, сега ќе го решиме вториот проблем“. Да, ние сакаме да го решиме, само немојте да ги поистоветувате, бидејќи тоа се драматично различни проблеми и според тежината и според последиците и по се останато, рече Вучиќ.

Според него, политиката на Србија, а пред се заради младите, е политика на регионалната стабилност и поликата на отворени граници.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Очекувам големо насилство на 15 март, државата ќе знае како да се однесува

Вучиќ: Наскоро на опозицијата ќе и биде „отсвирен“ крај

Вучиќ: Нарушени се сите уставни права на студентите кои сакаат да студираат

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ

ЛДП: Кој и зошто го разреши професорот Митко Димовски од директорското место во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Вучиќ ги потпиша измените на Законот за високо образование