Вучиќ и Тачи во Брисел во потрага по компромис

Од:

Косовскиот и српскиот претседател пристигнаа во Брисел за нова рунда преговори во рамки на дијалогот Белград – Приштина за нормализација на односите под покровителство на високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Пред почетокот на состанокот, косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека ќе се вложат максимални напори за изнаоѓање компромис, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Знам дека нема да биде лесно, напротив, има потешкотии, пречки, судири, но постигнувањето компромис е најдобрата можност за приближување на европската перспектива за нашите две земји, порача Тачи.

Могерини ќе оствари средба со Тачи, а потоа со Александар Вучиќ, по што треба да се одржи заедничка работна вечера. ЕУ очекува двете страни да покажат подготвеност за „интензивирање на работата за постигнување правно обврзувачки договор“.

Една од најтешките и најконтроверзните теми во рамки на овој дијалог е можноста за размена на територии иако никој официјално не ја споменува како дел од преговорите.

Состанокот се одвива и во контекст на покачени царини врз увозот на српски и босански производи во Косово, мерка за која ЕУ побара итно разјаснување и смета дека ги нарушува обврските преземени од страна на Приштина во рамки на евроинтегративниот процес.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе