Вучиќ: Граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора наскоро ќе можат да се вакцинираат во Србија

Од:

„Наскоро, сите од регионот ќе можат да се вакцинираат во Србија“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој кажа дека Србија наскоро ќе им овозможи на граѓаните на БиХ, Црна Гора и Македонија да се вакцинираат во таа земја против коронавирусот.

Вучиќ, гостувајќи во емисија на ТВ Прва, рече дека Србија има доволно вакцини, за разлика од другите земји во регионот.

„Србија има доволно вакцини. Наскоро ќе им овозможиме на сите граѓани на БиХ, Црна Гора и Македонија да можат да дојдат во Србија и да се вакцинираат“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски