Втор круг од локалните избори во Хрватска

Од:

Во Хрватска денеска се отворени избирачки места во Загреб, 11 жупании, 85 градови и 164 општини во кои во втор круг се гласа на локалните избори.

Во вториот круг се бира меѓу двајца кандидати кои имаат најмногугласови од првиот круг. По првиот круг избрани се девет жупани, 42 градоначалника и 263 началници на општини како и сите заменици градоначалници, началници и жупани од редовите на националните малцинства.

Во вториот круг се бира и за градоначалник на Загреб кој има ранг на жупанија, 85 градоначалници и 164 началници на општини.

Најголема битка како и во првиот круг ќе биде во градовите како Риека и Сплит – меѓу владејачката СДП и опозицискиот ХДЗ додека во Загреб кандидатот на СДП Рајко Остоиќ се соочува со независниот кандидат Милан Бандиќ.

Утрото беа отворени 5.940 избирачки места, а на изборниот список се 3.312.121 граѓани. Се очекува резултатите да бидат објавени доцна вечерва.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари