Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Од:

Припадници на Одделот за внатрешна контрола на српското МВР ја приведоа полициската службеничка Ѓ.П. (45) поради сомнение дека од декември 2022 година до август минатата година извршила шест кривични дела злоупотреба на службената положба.

„Врз основа на фалсификувани документи и невистинити податоци овозможила издавање биометриски пасоши за шест лица кои овие документи ги користеле за непречено движење бидејќи им бил забранет влез во земјите од Шенген зоната“, извести српската полиција.

На осомничената и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведена до надлежното обвинителство, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Земјотрес во Србија