Вонредни мерки за безбедност во Истанбул поради 1 Мај

Од:

Околу 40.000 полицајци се распоредени за спречување на првомајските демонстрации во Истанбул каде денеска веќе имаше судири меѓу полицијата и демонстранти кои имаа намера да пристигнат на плоштадот Таксим.

Активистите се заканија дека нема да ги почитуваат владините забрани за демонстрации на Таксим.

Полицијата го обезбедува Таксим со оклопни возила и огради. По наредба на Владата намален е бројот на возила на градскиот транспорт со цел да се ограничи движењето на граѓаните.

Според турски медиуми, се очекува демонстрациите да бидат најмасовни откако владејачката партија на премиерот Реџеп Таип Ердоган победи на локалните избори во март.

Во 1977 година на Таксим беа убиени 34 луѓе во судири меѓу полицијата и демонстранти и тоа место во Истанбул има посебно значење. Повеќе од 30 години плоштадот беше затворен за демонстрации, но отворен одново во 2010 година. Повторно беше блокиран во минатата година кога протестите станаа насилни.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он