Водечките турски синдикати почнаа штрајк во знак на протест поради трагедијата во турскиот рудник

Од:

Главните четири водечки турски синдикати прогласија еднодневен штрајк за денеска во знак на протест поради смртта на 282 рудари во турскиот округ Маниса.

Најголемиот синдикат во Турција, Конфедерацијата на синдикатите на јавниот сектор (КЕСК) повика денеска на масовен штрајк поради рударската несреќа.

– Оние кои продолжуваат со приватизација, кои ги загрозуваат животите на работниците со намалување на трошоците се виновици за масакрот во Сома и тие мора да одговараат, соопшти на својата Интернет страница КЕСК, кој претставува 240 илјади вработени.

Според Арзу Черкезоглу, главен секретар на еден од синдикатите, Конфедерацијата на револуционерните синдикати во Турција, несреќите при работа во земјата се зголемиле по приватизацијата на рударскиот сектор.

Черкезоглу бара соодветен одговор на властите за трагедијата и ги повика луѓето да ја прекинат денеска работата, да се облечат во црно и да се вклучат во маршот до Министерството за труд.

– Доколку се земат предвид, работниците, кои го загубиле животите во тешки и нерегулурани услови за работа, загубата на човечки животи не може да биде разгледувана ниту како небрежност, ниту како инцидент, изјави Ахмет Фарук Јонсал, лидер на друг синдикат, познат под кратенката Мазлумдер.

Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по рударите во рудникот во градот Сома, каде се смета дека под земја се блокирани уште сто лица. Надежта за пронаоѓање на преживеани се намалува, откако претходно денеска турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз изјави дека во изминатите 12 часа нема извадено ниту еден жив рудар.

Досега се спасени 450 рудари, изјави управникот на рудникот во Сома, Комур Ислетмелери и додаде дека се уште не знае што го предизвикало пожарот, но и оти најверојатна причина за смртта на рударите е труење со јаглерод моноксид.

Во рудникот во вторникот во моментот на несреќата имало 787 рудари.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски