Во земјите од Отворен Балкан во тек е тестирањето на ТАГ- електронски систем за патарина

Од:

Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарините во земјите на „Отворен Балкан“ е во тек, а овие ТАГ уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белгад.

Како што изјави Дарко Савиќ од „Патишта на Србија“ за РТС, системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори.

-Системот во моментов е во тест фаза, но очекуваме многу брзо да бидат потпишани конечните договори и системот да профункционира. Многу лесно може да се прошири на други системи за наплата, дури и на системи како што се сателитскиот во Бугарија, како и на системите за наплата во Република Српска, каде што веќе ги тестиравме нашите уреди и тие работат, како и во БиХ и во Црна Гора, кажа Дарко Савиќ.

Тој појасни дека во рамките на „Отворен Балкан“ системот ќе функционира со поврзување на ТАГ уредот со платежната картичка на корисникот и дека не е потребно надополнување, туку парите ќе се симнуваат од сметката на корисникот.

Тој нагласи и дека во Србија во тек е проект за проширување на 26 наплатни станици за корисниците на електронско плаќање за да можат побрзо да минуваат низ наплатните станици.

Во надлежност на „Патишта на Србија“ се автопатишта во должина од 830 километри и 66 наплатни станици, а планирано е да се отворат нови наплатни станици кога ќе се изградат новите автопатишта.

Во Србија електронското плаќање во моментов е најчест начин на наплата на патарината и во системот за наплата има повеќе од 550.000 активни корисници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

Возач физички нападнал вработен на патарина

А1он

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“