Во Загреб изграден највисокиот облакодер во Хрватска

Од:

Пред неколку дена во Загреб заврши изградбата на највисокиот облакодер во Хрватска, пишува весникот „Вечерњи лист“.

Зградата е висока 96 метри и има 25 ката. Изградбата траела 26 месеци и во неа биле вклучени 900 работници.

Облакодерот претставува комбинација од станбени и деловени површини, на покривот од зградата се наоѓа голема тераса, со панорамски поглед. Изградбата чинела 100 милиони евра.

Комплексот вклучува и друга 13-катна зграда, два станбени блока со 111 апартмани и две мали бизнис згради. Под целиот комплекс се наоѓа паркинг за 850 возила.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик