Во заедничка акција на полицијата на БиХ и на Франција уапсени 15 луѓе

Од:

Во координирана акција на полициите на Босна и Херцеговина и на Франција уапсени се 15 лица поради илегална трговија со луѓе и злоставување на млади жени и деца.

Во БиХ се уапсени седум лица, а во Франција осуммина, пренесува Фена.

Операцијата е спроведена во реонот на босанските градови Зеница, Власеница, Приједор и Јајце. Уапсените се осомничени за илегална трговија со луѓе и за нивно експлоатирање. Властите на БиХ оценуваат дека од 2012 година осомничените врбувале многу жени кои во Франција краделе. Тие врбувале и деца и незаконски се стекнале со повеќе од два милиони евра.

Приведените се осомничени и за перење на пари, фалсификување на документи, илегална трговија со луѓе и злоупотреба на наркотици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили