Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Од:

Турската полиција уапси 418 лица во 29 провинции во рамки на истрагата против осомничени за поврзаност со забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Исто така, поради истрагата во врска со тероризам, турските власти ги смениле прокурдските градоначалници во Дијарбекир, Ван и Мардин и на нивно место поставиле државни гувернери во овие провинции во југоисточниот дел на земјата, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Тројцата градоначалници се обвинети за различни кривични дела, вклучувајќи и членство во терористичка организација и ширење терористичка пропаганда, наведува МВР.

Поради сомнеж за поврзаност со забранетата ПКК, турските власти во 2016 година сменија десетина градоначалници во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди, а истите се заменети со државни службеници.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски