Во Турција почна судењето за државниот удар од 1997 година

Од:

Во Турција денеска почна судењето на поранешниот началникот на Генералштабот на турската војска, како и група од над сто обвинети за државен удар во 1997 година.

Генерал Исмаил Хаки Карадај и уште 102 лица се обвинети за „насилно соборување на турската влада“.

Обвинителите побараа доживотен затвор за Карадај, кој поради болест не присуствуваше на денешното сослушување пред судот во Анкара.

На обвинетите им се суди за соборување на првиот исламистички премиер на Турција, Неџметин Ербакан, политички ментор на актуелниот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Ербакан беше сменет со тенковска парада во Анкара и упатен ултиматум од страна на армијата да замине од власт. По тој државен удар армијата не ја замени цивилната администарција со воена, како што беше случај со трите претходни три воени удари во 1960, во 1971 и во 1980 година.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски