Во Србија три нови смртни случаи, вкупно заразени 2.447 лица

Од:

Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се три нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 61 лице.

Од тројцата починати лица, двајца се мажи и една жена, со што од досега починатите 44 се од машкиот пол и 17 жени, со просечна старост од 64,2 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,49 отсто, изјави на денешната владина прес конференција членот на Кризниот штаб, лекарката Дарија Кисиќ.

Во изминатите 24 часа, зголемен е и бројот на тестирани со 1.074 лица, од кои регистрирани се 247 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија се 2.447 лица.

Досега вкупно се хоспитализирани 1.349 пациенти, од кои 108 лица се тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Кисиќ.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 9.626 лица.

-Последните бројки говорат за извесна стабилизација на заболените, можеби и пад во неделата кога во другите земји се бележи раст на епидемијата, што говори дека сме на сигурен пат, дека сме совесни и дека сега не треба да застанеме, туку да се впрегнеме што е можно повеќе, оти она што го правиме се вистинските методи во борбата со пандемијата, кажа Кисиќ.

И епидемиологот Кон кажа дека „Србија во последните три дена доаѓа до максимум на епидемијата.“

-Доаѓаме до пикот, кој ќе треа уште десет дена, воведовме најригорозни мерки и тие мора да се спроведат, се со цел да нема контакти, оти коронавирусот во првите две недели најлесно се пренесува, кажа Кон.

На прес конференцијата повторена е одлуката на владата, со која се наложува сите заразени лица со коронавирус да мора да се да се лекуваат во болниците или во импровизивните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има лекување во домашни услови за особи кои имаат лесна клиничка слика.

На белградскиот Саем, што има капацитет од 3.000 кревети досега се сместени 104 лица, на новосадскиот Саем со 1.000 кревети има 64 пациенти и во спортскатa сала „Чаир“ во Ниш со 256 кревети има 38 пациенти.

Денеска е најавено дека во Белград и во Ниш наскоро треба да пристигне кинеска мобилна лаболаторија во која ќе се тестираат и до 1.000 пациенти дневно.

Би можело да ве интересира

Двојно убиство и самоубиство во Србија

А1он

Дачиќ и амбасадорот на САД разочарани од Приштина со воведувањето на најновите реципрочни мерки

А1он

Основците во Грција се вратија во училишните клупи, носењето маска не е задолжително

А1он

Покрај пандемијата со Ковид-19, во светот и еболата зема замав

А1он

Неофицијално околу четири и пол милиони Французи се заразени од Ковид-19

А1он

Вучиќ – Борисов: Изградбата на гасоводот Балкански поток е од суштинско значење за двете земји

Ана Ололовска