Во Србија се заоструваат епидемиолошките мерки, угостителите и трговските центри ќе работат до 14 часот

Од:

Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус денеска одлучи да и препорача на Владата на Србија угостителските објекти и трговските центри низ целата земја за време на викендот да работат до 14 часот.

Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега.

Фризерските салони можат да продолжат да работат како и обично, како и доставувањето на храна.

Бензинските пумпи ќе можат да работат до 14 часот, а од 14 часот ќе можат само да напојуваат гориво.

Нова седница на Кризниот штаб е закажана во понеделник, кога ќе се дискутира за почитување на мерките за време на викендот.

Како што беше претходно најавено, податоците за бројот на новозаболени лица во Србија не се охрабрувачки, бидејќи вчера беа регистрирани повеќе од 3.500 нови случаи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски