Во Србија полициски час за викенд од 15 до 05 и затворање на сите пазари

Од:

Српската Влада на денешната седница донесе нови остри мерки за спречување на ширењето на епидемијата со вирусот Ковид-19, соопшти Владата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Владата на сите граѓани на Србија, како и на странците со дозвола за престој, кои влегле во земјава на 14 март и подоцна, им ја продолжи задолжителната мерка за домашна самоизолација од 14 на 28 дена, со што изолацијата автоматски продолжува да тече уште две недели.

Променето е времетраењето и на забраната за движење за деновите од викендот. Граѓаните ќе мора да останат во своите домови во сабота и недела од 15 до 17 часот. Лицата кои немаат над 65 години ќе можат да ги напуштат своите домови во работните денови од 05 часот наутро до 17 часот. Најстарите лица ќе можат да ги напуштат своите домови само во недела помеѓу 03 и 08 часот наутро за да купат намирници.

„Водејќи се од стручното мислење, Владата на Република Србија донесе одлука да ја повлече одлуката за дозволеното шетање на миленичињата во траење од 20 минути меѓу 20 и 21 часот. Бидејќи Србија е во екот на борбата против заразната болест предизвикана од вирусот Ковид-19, се препорачува сите пазари, на отворено и во затворен простор, да бидат затворени до натамошно известување“, се наведува во соопштението на српската Влада.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски