Во Србија четвороцифрен број новозаразени со Ковид-19 за 24 часа

Од:

Србија, по постојаното зголемување на бројот на заразени лица во претходните денови, надмина 1.000 нови инфекции со коронавирусот, а здравствените власти, исто така, соопштија за шест смртни случаи. Официјалните лица предупредуваат дека веќе почна четвртиот бран на Ковид-19.

Србија последен пат имаше повеќе од илјада заразени дневно на 12 мај, кога беа регистрирани 1.046 случаи на инфекција, и оттогаш следеше тренд на намалување, што беше кон средината на јуни, со околу шеесет дневно.

Во изминатите 24 часа, шест лица починаа како резултат на инфекција со коронавирус во Србија, а меѓу 11.324 тестирани примероци, потврдени се 1.072 нови случаи на инфекција, соопшти Министерство за здравство на Србија. Во болница има 831 пациент, а 25 на респиратори.

Би можело да ве интересира

Србија прва во Европа според новозаразени на милион жители, лекарите бараат едномесечно затворање

Предраг Петровиќ

Голем скок во Србија, нови 752 новозаразени

Кон: Ситуацијата со Ковид-19 во Србија се влошува

A1on

Белградските студенти кои ќе вакцинираат ќе добиваат влезници за Егзит

Од денеска во Србија е достапен дигиталниот зелен сертификат

Драматична состојба со Ковид-19 во Врање, шопингот на Македонците една од причините

Катерина Ѓуровски