Од денеска во Србија е достапен дигиталниот зелен сертификат

Од:

Граѓаните на Србија од денеска можат да го преземат Дигиталниот зелен сертификат, односно потврдата за вакцинација против Ковид-19 и резултатите од различни тестови на инфективната болест SARS-CoV-2, соопшти Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-управа.

-Дигиталниот зелен сертификат е унифициран сертификат со кој се докажува дали сте примиле вакцина против Ковид-19 и дали имате резултати од тестирањето на заразната болест SARS-CoV-2. Таа потврда е квалификувана електронски печатирана и не може да биде фалсификувана или злоупотребена, изјави директорот на Канцеларијата, Михаило Јовановиќ.

Овој сертификат, покрај личните податоци – име, презиме, ЕМБГ, пол и број на пасош, содржи информации за тоа дали лицето е вакцинирано, бројот на примени дози, како и датумот на примање на првата и втората доза и резултати од ПЦР-тестот, антигенски и серолошки тест.

За да се добие дигитален зелен сертификат, потребно е граѓаните да бидат регистрирани на порталот за е-управа.

Со читање на QR-кодот на Дигиталниот зелен сертификат, се добиваат следните статуси – за вакцинација зелена боја ако е примена првата и втората доза на вакцина, односно првата доза на вакцината AстраЗенека, потоа за резултати од ПЦР тестот и антигенскиот тест -зелена боја доколку овие тестовите се извршени во последните 72 часа и ако се негативни, а за резултатот од серолошкиот тест зелена боја ако е направен во последните шест месеци (за невакцинирани лица), или два месеци (за вакцинирани лица) и ако IgG параметарот е позитивен.

Би можело да ве интересира

Кон: Ситуацијата со Ковид-19 во Србија се влошува

Кикиљас: Дигиталниот Ковид сертификат не е привилегија или казна

Ана Ололовска

Белградските студенти кои ќе вакцинираат ќе добиваат влезници за Егзит

Хрватска од денеска почна со издавање ковид сертификати

Ана Ололовска

Германија: Пасошите за вакцинација се најбарани за фалсификување

Ана Ололовска

Европскиот дигитален Ковид сертификат презентиран во Атина

Ана Ололовска