Златен венец беше пронајден вчера во Солун, во гроб закопан пред околу 2.300 години.
Венецот беше пронајден за време на копањето на тунел за метрото во западниот дел на Солун.
Златна маслинова гранка во облик на круна, беше во едноставен правоаголен гроб.
Археолозите проценуваат дека наодите се од крајот на четвртиот или почетокот на третиот век пред нашата ера.