Во Шведска преполовен бројот на азиланти од Западен Балкан

Од:

Бројот на баратели на азил од земјите од Западен Балкан, како, на пример, Србија, Македонија, Босна и Албанија, е преполовен во првото тримесечје годинава, споредено со истиот период лани, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Причината за ваквото намалување би можеле да бидат засилените гранични контроли што ги воведоа балканските земји, во однос на граѓаните кои патуваат во странство.

– Заканите од страна на ЕУ за повторно воведување на визи доведоа до засилување на граничните контроли во земјите од Западен Балкан, пред се за Ромите, при што илјадници луѓе се запрени на граничните премини, вели Александра Стигелмејер при тинк-тенкот „Европска иницијатива за стабилност“ во Брисел.

Граничната полиција прашува каде имаат намера да патуваат, дали имаат повратни билети, колку пари носат со себе и колку багаж имаат.

– Притоа се запираат лица за кои има сомневања дека би можеле да бараат азил во ЕУ, вели Александра Стигелмејер за Шведското радио.

И Фредрик Бејер, шеф на правната служба при шведскиот Миграциски завод, смета дека намалувањето на бројката на азиланти од Западен Балкан би можела да се должи на заострените гранични контроли.

Откако ЕУ воведе визна либерализација за земјите на Западен Балкан, драстично се зголеми бројката на баратели на азил од овие земји во Шведска. Но мнозинството од нив, околу 99 проценти, добиле негативен одговор на своите барања.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски