Во Шид пристигнаа четири автобуси со бегалци

Од:

Во хрватскиот град Шид утринава до 10 часот, пристигнаа четири автобуси од Прешево, кои превезуваат бегалци, откако Унгарија одлучи да ја затвори границата со Србија.

Автобусите ги оставаат бегалците на пат во близина на граничниот премин Товарник во Хрватска, а бегалците потоа пеш преминуваат на хрватска територија избегнувајќи го официјалниот премин, јавува Танјуг.

Од Прешево синоќа на Хрватска граница пристигнале пет автобуси, а во текот на ноќта голем број таксисти превезуваа помали групи бегалци со Шид.

Властите во Шид очекуваат да пристигнат уште автобуси со бегалци, кои очигледно ја менуваат својата рута преку Унгарија до Австрија и Германија, на новиот превец до Западна Европа што води преку Хрватска.

Хрватските власти поранешната детска болница „Принциповац“ во Шид ја прилагодока како прифатен центар за бегалци. Објектот се наоѓа на стотина метри од граничниот премин Сот и може да прими 300 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска