Во Романија усвоен закон за евтаназија на бездомни кучиња

Од:

Закон со кој се дозволува евтаназија на бездомни кучиња 14 дена по ставањето во стационар беше конечно донесен од романскиот парламент.

Законот беше усвоен со гласови од 266 народни пратеници, 20 беа против и 23 беа воздржани.

Локалните власти имаат право да го продолжат престојот на тие кучиња во стационари под услов да имаат финансиски ресурси за издржување, јавуваат романските медиуми.

Во минатата недела 4-годишно дете го загуби животот откако беше искасано од бездомни кучиња во Букурешт. Смртта предизвика остри реакции и барање за итно решавање на проблемот со бездомните кучиња чија цифра само во главниот град е околу 64.000.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет