Во регионот најдолго живеат Словенците, најкратко Србите, Мaкeдонците седми

Од:

Од сите западно балкански земји, Словенија има најдолг просек во животниот век, а најслабо развиената држава во регионот Албанија се наоѓа веднаш зад неа, Хрватска е трета, додека наjкратко живеат граѓаните на Србија – пренесува агенцијата Анадолија.

Според последното истражување на ОН, просечниот животен век во Словенија е 77.9 години, а во Албанија 76,4 години. За споредба, најдолг век на живеење имаат граѓаните на Јапонија, 82,7 години.

Забележително е дека подолг век на живеење имаат жените во Албанија од 79,7 години, додека мажите Албанци во просек живеат 73,4 години. Зад Хрватска, доаѓа Босна со просек од 74,9 години, односно 72,2 години за мажи и 77,4 за жени. Потоа Црна Гора со 74,5. Мажите со 72.4, жените со 76,8 години.

Македонија е следна на списокот – седма во регионот по векот на живеење. Во нашата земја просечниот животен век е 74,2 години, и тоа 71,8 години живеаат во просек мажите и 76,6 години за жените Македонки.

најкраток животен век имаат Србите – 74 години. Мажите кај северниот сосед живеат во просек 71,7 години, а жените 76,3 години.

Од останатите држави во регионот најдолго живеат Грците со просек од 79,5 години, Унгарците со 73,3, Бугарите со 73, Романците со 72,5 и Турците со просечна должина на животниот век од 71,8 години.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски