Во протестите во Приштина повредени 17 полицајци

Од:

Косовската полиција соопшти дека како последица на насилството од страна на демонстрантите,бројот на повредени полицајци се искачил на 17.

Двајца од полициските работници се здобиле со тешко повреди, но се вон животна опасност. Во нередите се оштетени осум цивилни ,едно службено и четири полициски возила.

Според полицијата, еден од нејзините потешко повредени работници бил на работна задача во одржување на сообраќајот во населбата „Улпина“ во Приштина, кога бил погоден со тврд предмет во пределот на главата и се здобил со сериозна повреда.

Исто така од тврдите предмети кои ги фрлала разулавената маса значителни оштетувања се предизвикани и врз јавен и приватен имот. Оштетувања има и на зградата на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане