Во Приштина се собираат потписи за петицијата против нацрт Законот за амнестија

Од:

Во организација на Косовскиот институт за политички истражувања и развој (КИПРЕД) денеска во Приштина почна собирање потписи за петиција против изменетиот нацрт Закон за амнестија, што во четврток ќе биде на дневен ред на Собранието на Косово.

Почетокот на акцијата беше симболичен, точно во пет до дванаесет, пред зградата на Министерството за култура, млади и спорт, јави агенцијата Анадолија.

Директорот на КИПРЕД, Илир Деда, изјави дека е последен момент да не се дозволи усвојување на Законот за амнестија, што, како што кажа, амнестира главно дел од Владата на Косово.

– Без разлика на посветеноста на луѓето од Владата и Собранието да ги амнестираат своите кривични дела, волјата и посветеноста на граѓаните кон државниот ред и законот треба да биде уште поголема. Оваа петиција е во функција граѓаните да се изразат дека не го сакаат законот и дека не сакаат изедначување со криминалците, рече Деда.

Деда изјави дека КИПРЕД бара од Собранието до крајот на јули да се формира работна група од експерти кои ќе изработат нацрт Закон за амнестија каков што му прилега на Косово.

– Не можеме да ги затвориме очите во овој момент кога со голема брзина луѓето сакаат да се спасат од своите злоупотреби, да си ги простат своите злоупотреби и да нема заедничка борба на сите за едно подобро Косово. Да не заборавиме дека повеќето граѓани на Косово 14 години живееја чесно и не можемо да си дозволиме една група луѓе низ политиката да ја криминализира земјата, порача Деда.

Акцијата на собирање потписи против Законот за амнестија почна истовремено и во други градови на Косово. Претставници на граѓанското општество во четврток, пред Собранието, на денот кога

Собранието на Косово ќе ги разгледува измените на нацрт Законот за амнестија, ќе оганизираат протест.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски