Во пожар во Романија, изгореа четири деца

Од:

Четири деца загинаа денеска во пожар што избувна во една куќа во североисточна Романија, јавија официјални лица.

Децата, на возраст од 19 месеци до пет години, биле сами во куќата во селото Магура кога избувнал пожарот, јави Франс прес.

Властите соопштија дека за децата се грижел таткото кој во тоа време не бил во куќата, а дека нивната мајка е на работа во странство.

Локалните медиуми објавија дека соседите безуспешно се обидувале да влезат во куќата пред да пристигнат пожарникарите.

Според официјалните податоци, во пожари во Романија од јануари 2010 година. до октомври 2012 година. настрадале 152 деца, а владата започна кампања во која апелира до родителите да не ги оставаат децата дома сами, без надзор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет